Јавното обвинителство ги повика институциите надлежни за контрола на финансиските текови да поднесат известување или пријава за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој стана сопственик на 39 проценти од деловниот центар „Соравиа“.
-Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) постапат и достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности.
Инструментот на допрен глас се користи доколку во конкретниот случај постојат сериозни индиции или наводи за сторен криминал или кога органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности, велат од Обвинителството.