Парадите на гордоста се злоупотребуваат за пораки со говор на омраза кон верските заедници, вели Викарниот епископ Стобиски г. Јаков

by Fokus

Викарниот епископ Стобиски г. Јаков рече дека на потег е Владата да се произнесе околу повлекувањето на Законот за родова еднаквост, за кој извршниот одбор на СДСМ соопшти дека ќе биде повлечен. Тој рече дека овој потег на СДСМ е за поздравување, но дека тоа засега е партиска одлука.

Тој рече дека протестот што Синдот на Македонската православна црква ОА што го најави за во четврток не е насочен против ЛГБТ+ луѓето и дека црквата досега со ништо не ги попречила активностите на невладите организации кои ги застапуваат нивните права.

„Дали сте забележале некакво попречување или говор на омрза од црквата кон тие луѓе или кон парадата. Имавме многу поуспешна парада за разлика од другите земји од соседството.  Парадирањето што ги прават тоа се едни исти луѓе, тука не мислам на ЛГБТ+ луѓето, туку на невладините организации кои се платени под плаштот на борба за човекови права да го оковаат во тоталитаризам нашето општетсво. Тие паради се злоупотребуваат да се испратат пораки на омраза кон верските заедници исклучиво кон црквата. На сите ни е свежо сеќавањето за транспарентот. Црквата не одговори со ниту една претставка немавме ни коментар“, рече викарниот епископ Стобиски г. Јаков.

Парадата на гордоста во саботата се оддржа во Скопје под мотот „Љубов е Љубов“. Дел од активистите по и пред парадата користеа говор на омраза кон сите што не се согласуваат со нивните верувања и вредности, споделија анимација во која ваљак со боите на виножитото кои тие го користат ги прегазува смејеството, традиционалните вредности и христијанските вредности.

Викарионот стобиски Јаков рече дека тој антагонизам на црквата кон некого не постои и дека тоа е исмислено. Тој смета дека црквата е мета на прогон и линч.

„Тој обид за замена на тези да се претстави како закана за општетсвото нашето право на протест, е исто како агресорот кога се претсавува како жртва. Основните човекови права се загарнтирани во оваа држава без оглед на веросиповеста или сексуалната ориентација. Никој не смее да биде  линчуван заради свој став или начин на живот. За тоа се бориме. Слободата е најголемиот дар кој бог му го дал на човекот. Тоа е менталитетот на црквата“, рече епископт стобиски Јаков.

Тој рече дека со протестот во четврток, на кој ги очекуваат и другите верски заедници од кои имаат апсолутна поддршка сакаат да порачаат дека промените во поимот род не се во ред.

„Тоа не е  наша реалност и не сакаме да биде “, рече г.Јаков.

Поврзани новости