Околу пладне одекна вистинска „бомба“ во Премиерлигата – Јирген Клоп изненадувачки објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти тимот на Ливерпул.
„Можам да разберам дека тоа е шок за многу луѓе, но очигледно можам да го објаснам или барем да се обидам. Го сакам овој клуб, овој град, нашите навивачи, тимот, вработените… но сигурен сум во донесувањето на оваа одлука“, изјави Германецот.
„Ми снемува енергија. Сега немам никакви проблеми. Го знам ова некое време и морав да го објавам во одреден момент. Но, се работи за тоа да не можеш да ја работиш оваа работа одново и одново и одново и одново. После сето време поминато заедно, почитта и љубовта пораснаа и најмалку што должам е вистината“, изјави Клоп кој проговори за моментот кога ја донел одлуката.
„Кога седнавме да разговараме за можните потписи и за следната претсезона, ми падна на памет да си заминам“. Повеќе не сум сигурен дека сум психички присутен овде. И јас се изненадив и почнав да размислувам за тоа. Минатата сезона беше супер тешка, а во друг тим веројатно одлуката би била заминување. Не во Ливерпул. За мене беше многу важно да му помогнам на тимот да се врати на вистинскиот пат. Јас само размислував за тоа. Овој тим има огромен потенцијал. Не е тоа што сакам да го правам, само мислам дека тоа е 100% вистинската работа“, рече тој.
Однапред и пред истекот на договорот (2026 година), Клоп ќе стави точка на речиси децениската фаза на „Енфилд“.