Внука на екс министер за здравство починала на Детска клиника, а пред неколку денови починало и петгодишно девојче

by Fokus

Внука на поранешен министер за здравство пред неколку месеци починала на скопската Клиника за детски болести поради лекарски пропуст, а пред неколку денови починало и петгодишно девојче, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, внуката на екс министерот за здравство имала 17 години и била заразена од ковид инфекција. Таа подолг период лежела на клиниката, а нашите информации се дека фатила и некоја бактерија и сепса.

Исто така, само пред неколку денови починало и девојче на пет години, кое фатило стрептокока бактерија, а претходно на клиниката била донесена од приватна болница.

„Фокус“ испрати неколку прашања до директорката Стојка Нацева- Фуштиќ за да ја прашаме од што починале и двете деца. После  некое време, таа одговори дека за 5-годишното дете информација треба да побараме од „Систина“, каде што е лекувано и оперирано.

„Детето кај нас престојуваше осум часа, на EIT. На Клиниката за детски болести е префрлено затоа што родителите не можеле веќе да плаќаат за престој во приватна болница, а детето со било со мозочна смрт.

 

Префрлено е во арефлексна кома, без сопствено дишење (на распиратор) и се очекуваше ваков крај“, тврди директорката на клиниката.

Според нашите информации, на Клиниката за детски болести се случува тотален хаос. Дел од лекарите си заминале, а веќе се спремаат и нови да си одат, меѓучовечките односи се нарушени, па повеќето од вработените не ни комуницираат едни со други.

Новата директорка стапи на функција пред само неколку месеци, поточно на 3 ноември, 2022 година, откако претходно од функцијата оставка си даде доктор Аспазија Софијанова.

Јавноста очекува соодветни реакции и од надлежните институции. Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба да постапи и во двата случаја, за да провери што точно се случило, за да не постои можност за понатамошни сомнежи.

Ирена Мулачка

 

 

 

Поврзани новости