Жичарницата на Водно утринава не работи

by fokus

Од ЈСП информираат дека жичарницата на Водно утринава не работи поради лошите временски услови.

-Ве информираме дека Жичарницата, денеска, недела (05.02.2023 год) не започна со работа вообичаено во 10 часот, поради несоодветни временски услови.

Надлежните служби ја следат ситуацијата на терен и во оној момент кога ќе се создадаат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираат од ЈСП.

Поврзани новости