474
Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија, Вук Јеремиќ, изјави вечерва дека СЗС нема да ги преземе граѓанските протести кои се одржуваат низ земјата.
Тој за телевизијата Н1 истакна дека на вечерашниот собир пред зградата на српскиот Парламент во Белград дошол како граѓанин поради „арогантниот настап на Александар Вучиќ“.
-Сите кои сакаат промена на системот треба да ги надминат разликите и како граѓани да се придружат на протестот, а доколку собирот продолжи, ќе донесе и политички резултат – нагласи Јеремиќ.