Мицкоски: Потврдувањето на унитарноста на Македонија не е национализам, на нашите собири доаѓаат и Албанци

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека нивната точка од програмата за менување на Уставот со цел потврдување на унитарноста на Македонија не е националистичка реторика за добивање гласови.

-Албанците велат не зборувајте дека не ни е гајле за Македонија, ова е наша држава, си ја сакаме. Еве ова е шанса да се потврди унитарниот карактер на Македонија. Факт е дека има многу недоследности и недоречености во Уставот. Можеби сега е моментот кога тие работи ќе бидат потврдени бидејќи сите се залагаме за унитарен карактер на Македонија, дека нема да постојат во иднина било какви размисли за да се наруши тој унитарен карактер на државата. Мислам дека ова е одлична можност после овие избори да биде поддржана  буквално од сите политички партии во Парламентот да се направи таа измена и да се тоа тоа функционира и за во иднина практично  да биде водилка еве како ќе се води власта.
Претпоставувам дека вие алудирате дека ова е националнистичка реторика, но тоа не е така. Голем дел од Албанците доаѓаа на нашите собири во Тетово, и голем дел од нив дојдоа со мене да се сликаат. И во Крушево на собирот дојдоа Албанци кои со воодушевување аплаудираа, и се сликаа со мене. Сите во државата, без разлика на етничката припадност, имаат исти проблеми. Тоа е суштината, вели Мицкоски.

Поврзани новости