Јелена Розга ќе ги одржи настапите во Македонија кои ги откажа минатиот месец

by Fokus

Хрватската поп пејачка Јелена Розга (44) викендов ќе има настапи во Македонија. Утре таа ќе гостува во клуб во Кавадарци, а пак во сабота во клуб во Штип.
Таа имаше закажани концерти во земјава на почетокот на јануари, но истите ги откажа поради болест на член од нејзиниот бенд, а како што иформира на својата официјална страница, сега повторно продолжува со настапите.

Розга се стекна со популарност на Балканот во 1996 година, кога стана пејачка во познатата група ,,Магазин”. По десет години со групата, во 2006 година започна самостојна кариера.

Неодамна за хрватските медиуми раскажа дека витката линија ја должи на генетиката, но и на здравствените проблеми со кои се бори со години.
Таа појасни дека поради проблеми со тироидната жлезда, но и поради тахикардија веќе четири години е под терапија.

-Концертите ги одработувам без проблеми, благодарение на терапијата, но и на дисциплината, се чувствувам одлично. Не се изложувам на стрес, и се уште можам да пеам и играм со публиката за време на настапите – откри пејачката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости