Харадинај: Aко српски војници влезат во Косово, ќе следи бомбардирање на Белград

by Fokus

Лидерот на ААК Рамуш Харадинај вели дека нема аналогија меѓу војната во Косово и војната во Украина., но гледа дека меѓународната заедница не реагира, бидејќи задоцнила да интервенира и во Косово.

Лидерот на ААК вели дека Русија има влијание во некои делови на Балканот, но дека, според него, таа воопшто ја нема на Косово.

Харадинај вели дека Вучиќ и Србија во моментов немаат храброст да интервенираат на Северот поради меѓународните гаранции.

-Ако тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави за Русија. Ако не постои можност да се најде решение за Русија, Западот е доста добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи еднаш во 1999 година, рече тој на РТВ Дукаѓини, пренесува Телеграфи.

„Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Доколку српски офицер помине низ територијата на Косово, Белград ќе биде бомбардиран, а не која било друга територија“, додаде Харадинај.

„Мораме да ја работиме својата работа. Но, Србија знае дека Косово е област на одговорност на Америка, Британија и другите“, рече Харадинај.

Поврзани новости