Лицата што пукаа вечерва во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија каде убија две лица, а едно е пренесено во болница избегале со „Ауди 6“ коешто го запалиле на излезот од скопската обиколница, дознава „Фокус“.
Според неофицијалните информации, вечерва неколку лица со црни униформи дошле во локалот, се претставиле како полиција, се качиле на вториот спрат, во посебна канцеларија кајшто биле убиените и испукале неколку лица.
По двојното убиство, „аудито“ го запалиле на излезот од скопската обиколница и избегале.
На местото на пожарот останала регистерската табличка од аудито, која била фалсификувана.
Според неофицијалните информации кои засега не се потврдени во пукањето се убиени Јетон Кривањева и Енес Исени кои се поврзуваат со криминалната група Дуќанџик.
Кривањева беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година.
Од МВР засега потврдија само дека има двајца убиени и еден ранет во пукањето, други детали не соопштуваат.
Ф.Ф. С.