Ќе ја даде ли Арсовска Универзална сала на Владата?

by Fokus
Советничката група на СДСМ во Град Скопје поднесе иницијатива  до градскиот совет за времено отстапување на корисничкото право на Универзална сала на Владата. Иницијативата ќе биде разгледана на следната седница на Советот.
„Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори“, изјавија од советничката група на СДСМ.
Од таму ги повикуваат советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел, како што велат, реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.

Поврзани новости