Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

by Fokus 12:18
12:18

Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички како општество.

Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, апелираме и инсистираме на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.

- Advertisements -

Бензинските станици на Макпетрол АД редовно се дезинфицираат и вработените ги применуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но неопходно е сите да придонесеме преку доследно следење на препораките.

Максималниот број на присутни во продавниците се ограничува до три лица, а  кафематите се ставаат надвор од употреба. Секој е одговорен и може да придонесе кон поголема заштита на сите. Затоа, при посета на бензинските станици придржувајте се кон ограничувањето за максималниот број на присутни во продавницата и држете растојание од најмалку 1,5 метри додека се чека ред за каква било услуга.

Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици. Притоа, уште еднаш ги потсетуваме потрошувачите да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.

Со заедничка посветеност и почитување на препораките ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете кон сопствената заштита и заштитата на сите останати.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

Поврзани новости