501
Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека отворило случај за Тамара Димовска од Велес која почина поради грешка во здравствениот систем.
Обвинителството случајот го отворило по допрен глас, а како што велат оттаму, спроведени се низа на дејствија, при што како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик.
Како што стои во соопштението, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.
Оваа одлука доаѓа еден ден пред протестот пред Јавното обвинителство кој е закажан за утре, а се случува на една година од смртта на малата Тамара.