Јавно обвинителство: Истрагата за личните карти е тајна

by Фокус

Јавното обвинителство денеска соопшти дека истрагата за фалсификуваните лични карти, сторија која беше објавена во неделникот Фокус, е во тек и додека трае сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна.

-Основното јавно обвинителство – Скопје како стварно и месно надлежно обвинителство согласно законската регулатива, оформи предмет за настанот со наводно фалсификувани лични карти. Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релевантна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за кои во моментов не сме во можност да споделиме детали, информираа од Обвинителството.

Поврзани новости