Министерството за финансии денеска објави дека јавниот долг на Македонија заклучно со 30 септември годинава изнесува 4,69 милијарди евра или 45,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 отсто од БДП.
-Државниот долг во третото тромесечие од годината во однос на претходното е намален за 9,6 милиони евра или за 0,1 отсто. Јавниот долг во третото тромесечие од годината во споредба со претходното тромесечие е намален за 16,8 милиони евра во апсолутен износ или за 0,2 отсто, велат од Министерството за финансии.
Од Министерството за финансии објаснуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг во третото тромесечие од годината се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.