570
Со Преспанскиот Договор го ископавте гробот, а со овој т.н француски предлог сакате да го затрупате, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулевски.
-Нема да дозволиме да се отвори Уставот и истиот да се промени тоа да му биде јасно на секого. Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас од СДСМ како предавничка и антидржавна партија – изјави Јаулески.
Тој го запали документот, што претходно не му успеа на неговиот колега Драган Ковачки, кој го искина откако не му проработе запалката.