488
Пред демонстрантите на вечерашните протести пред Собрание, говореше Јасмина Дуриќ, вработена во АРМ која беше казнета и префрлена на работа од Скопје во Кичево, оти отворено ја поддржувала Шарената револуција.
-Колегите не смеат да се сретнат со мене затоа што знаат дека е долга раката на режимот. Ме префрливте под казна во Кичево, но не можете да ме спречете да протестирам. Протестирам за правда, протестирам против криминалната аболиција! – порача Дуриќ.