Македонија канонизираше бугарски преродбеник, ова е богохулење, реагира бугарски професор

by fokus

Богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата, вели проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ за веста дека Македонската православна црква го канонизирала за Македонец преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, јавува БГНЕС.

– Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а и со Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго. Станува збор за нешто што е крајно непријатно: тоа е кражба на историјата, тоа е богохулен однос кон самите личности кои се предмет на канонизација, вели Павлов.

Поврзани новости