Јапонската полиција призна: Имаше пропусти во обезбедувањето на Абе

by Fokus

Имаше пропусти во обезбедувањето на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен за време на предизборен митинг, изјави денеска началникот на локалната полиција Томоаки Онизука.

– Мислам дека е неспорно дека имало проблеми со мерките за обезбедување на поранешниот премиер Абе, изјави на прес конференција началникот на полицијата на префектурата на градот Нара.

Тој вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за истрагата.

Сепак, Онизука не кажа за кои конкретни пропусти станува збор.

Абе беше застрелан од напаѓач за време на говор во Нара, по што бил пренесен во болница, каде што починал. Полицијата го привела напаѓачот, кој ја признал винатa.

Поврзани новости