Јапонија ја обвини Русија дека окупирала 4 нејзини острови

by Фокус

Првпат по речиси две децении, Јапонија ја обвини Русија за незаконска окупација на четири спорни острови, откако односите помеѓу двете земји се нарушија поради војната во Украина.

Островите што Москва ги вика Курили, а Токио Северни Територии се под контрола на Русија, но Јапонија полага право на нив.

„Најголемата грижа во односите со Русија се Северните Територии, кои се јапонски територии моментално незаконски окупирани од Русија“, стои во годишниот дипломатски извештај на јапонското министерство за надворешни работи.

Јапонија последен пат ги опишала овие острови како незаконски окупирани во 2003 година.

Двете земји сè уште немаат потпишано мировен договор за крај на Втората светска војна и Јапонија вели дека преговорите се во застој поради војната во Украина.

Минатиот месец, Русија кажа дека ги прекинува разговорите откако Јапонија ја осуди инвазијата и воведе санкции за Москва.

-Островите се неотуѓив дел од Руската Федерација – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Поврзани новости