Мене повеќе ме плаши дека после првото соочување на Силјановска и Пендаровски и по првиот круг, СДСМ ќе сака да ги бојкотира претседателските избори, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вечерашната дебата на 1ТВ. Тој категорично рече дека партијата нема намера да повика на бојкот на изборите.
-Бојкот нема да има од ВМРО-ДПМНЕ. Бојкот може да има само ако СДСМ повика после првиот круг. ВМРО-ДПМНЕ ниту повикало, ниту ќе повика, ќе излезе референдусмки и ќе им нанесат на СДСМ таков страшен позар што за неколку месеци ќе мора да распишат предвремени парламентарни избори – рече Јанушев додавајќи дека Пендаровски очајно ја почнал кампањата со тврдење дека е следен од тајни служби на ВМРО-ДПМНЕ.
За СДСМ бојкотот е антидржавнички чин, одговори генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на прашањето дали би го бојкотирале вториот круг доколку Пендаровски во првиот освои помалку гласови.
-Апсолутно СДСМ нема намера да го бојкотира вториот круг. Независно ВМРО-ДПМНЕ како ќе делува, ние ќе најдеме начин да има соодветен цензус, 723.224 граѓани да излезат и да го дадат својот глас за Пендаровски – рече Кирацовски.