Јанушев: Се согласувам дека Груевски бегаше од дуели

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, се согласи со тврдењата дека поранешниот премиер од оваа партија и осуден бегалец, Никола Груевски, за време на своето владеење ги избегнуваше телевизиските дуели со своите противници. Тој рече дека и Заев бега од дуели, иако неодамна имаше телевизиско соочување меѓу него и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

-Отворени сме за дуели, сметаме дека само на тој начин граѓаните ќе ја воочат разликата меѓу Силјановска и Пендаровски. Повеќе од година дена Заев избегнуваше дуел, се надевам Пендаровски нема да го прави истото. Граѓаните ќе имаат прилика да ги видат разликите и тоа дека Силјановска е светлосни години понапред од Пендаровски – рече Јанушев во вечерашната дебата на 1ТВ.

Како што рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, меѓу Силјановска и Пендаровски за сега се договорени четири тв дуели и тоа: на 2 април на Телма, на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.

Поврзани новости