424
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување на телевизија Телма изрази сигурност дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласаат против уставните измени.
-Сигурен сум во ставот и дека пратениците од коалицијата ќе останат доследни на се она што се случуваше во изминатиот период. Не кажуваме од памет дека Договорот е мртов, тоа го кажаа граѓаните и тие го даваат легитимитетот во вакви моменти. На истиот начин како што Ѓорчев се сретна со врвот во Вашингтон, како Николовски што оствари средби во Брисел, на тој начин ќе работиме на евроинтеграциите. ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто секогаш ги штитела интересите на Македонија, рече Јанушев.