398
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во собраниското тело за помирување бидејќи тие не поддржуваат селективна амнестија.
-Селективната правда е неправда. Ќе си играат судии и обвинители во однос на тоа кој им треба во политичкиот процес, а другите ќе ги жртвуваат. Нарочно ќе го кочат донесувањето на законот за амнестија за га уценуваат за гласање за уставните измени. Доколку решението не е селективно и се однесува на сите, тогаш ние ќе го поддржиме, рече Јанушев.