Јанушев: Секојдневно ни негираат се што е македонско, а ние велиме ќе направиме се што треба

by fokus

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на ТВ 24 ја обвини власта дека нетранспарентно го води процесот на преговори со Бугарија.

-Преговорите се водат тајно и освен празни флоскули ништо не се кажува. Кој е тој дух на добрососедство кога ти негираат се што е македонско? Нели разбирате дека тоа треба да биде двојнасочно? Секојдневно не ништат, не множат со нула, а ние си седиме, се смешкаме и велиме ќе направиме се што треба. А, Заев се што има јавно кажано има излажано. Човекот е патолошки лажго. Кога ќе видиме и од другата страна дека има намера за добросеседски дух, тогаш може да разговараме. Во меѓувреме нема зошто да трпиме некој да не напаѓа. За тие работи нема што да се разговара. Решенијата кои вие ги нудите не се прифатливи за граѓаните, рече Јанушев.

 

 

Поврзани новости