700
Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање, обелодени генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој пред неколку дена учествуваше во дебата на ТВ 24 заедно со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, кој е позитивен на Ковид 19.
„Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, напиша Јанушев на фејсбук.
Тој му посака на Зекири брзо закрепнување и воедно истакна дека денешните настани говорат дека да се зборува за избори е неодговорно кон граѓаните.