Мухамед Зекири појасни зошто без симптоми на Ковид-19 се тестирал

by Фокус

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, денес на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид -19. Исто така, тој информираше дека позитивни на вирусот се и неговата сопруга Бисера и ќеркичката Далиа Нани, која е на возраст од три месеци.

-Немам никаков симптом, но апелирам да не го потценувате вирусот и да бидете максимално внимателни – напиша Зекири.

По неговата објава, покрај желбите за брзо оздравување од страна на пошироката јавност, актуелно е и прашањето, зошто без симптоми се тестирал потпретседателот на СДСМ. Во телефонски разговор за „Фокус“, Зекири појаснува за текот на настаните.

-Мојата сопруга пред неколку дена пројави благи симптоми, омалаксаност, и не чекавме и беше земен брис. Вчера го добивме позитивниот резултат, по што и мене и на ќеркичката ни беше земен брис. Нашите позитивни резултати стигнаа денес. Сите се чувствуваме добро, без температура, се надеваме дека ова ќе го пребродиме без компликации. Засега сме без терапија, примаме витамини. Остануваме во изолација, апелираме да се следат препораките на надлежните, и при појава на најмал симптом да се побара помош, да не се чека – ни изјави Зекири.

Вики Клинчарова

Поврзани новости