379
Генералниор секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, обвини дека на денешниот референдум се полнеле кутии во Општина Сарај.
„Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните. Постојат сериозни индиции за полнење на гласачки кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша. Има драстично зголемена излезност до 15 часот, дури поголема во текот на целиот изборен ден споредено со минатите избори во 2017-та година“, напиша Јанушев на фејсбук.
Тој додаде дека оваа, како што рече, кражба на народната волја нема да помине.