Јанушев: Нема датум за преговори со Брисел зошто Македонија ја има најнеспособната Влада

by fokus

Капитулантскиот Договор од Преспа и промената на името, ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да донесат датум за преговори со ЕУ, за тоа треба реформи и работа. Но тоа не се случи зошто ја имаме најнеспособната влада, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на 1ТВ.

-И лидерот Киријакос Мицотакис кој веројатно ќе добие на изборите во Грција рече дека една од работите е отворање на Договорот од Преспа и ако има такво нешто ќе седнеме на иста маса, зошто и Христијан Мицкоски ќе ја формира новата влада во Македонија, рече Јанушев.

Генералниот секретар укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ секогаш приоритет било членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

-Тоа е програмска определба на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е дел од стратегијата на партијата уште од деведесеттите, рече Јанушев.

-Позитивен момент во реформите има само во делот во кој учествуваше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто сме решени да бидеме дел од реформскиот процес, и претседателот Мицкоски кажа дека има подготвеност да се помогне на тој пат. Но, и по десеттина дена нема никаква реакција од Владата и од СДСМ, рече Јанушев потенцирајќи „ракавицата е фрлена, нема реакција од Заев и СДСМ, на нив е сега да се изјаснат“, заврши Јанушев.

Поврзани новости