Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев упати критики кон владејачката гарнитура, додавајќи дека СЈО е компромитирано до срж и следува пад на Владата.
„Не постојат законски пречки да се именува в.д. Специјален обвинител – изјави Зоран Заев.
Епа постојат, и те како постојат, само што Заев не ги знае, а тие правници околу него сигурен сум дека не му ги кажуват, во спротивно можат да си ги искинат дипломите!
Прво, самата постапка за разрешување е во “најмала рака” долга и комлицирана.
ЈО треба да подготви Известување до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица Јанева, по што Советот подготвува писмен Извештај за основите за разрешување кој го доставува до Комисијата за избори и именувања во Собранието на РМ, а оваа Комисија доставува предлог на пленарна седница на Собранието на РМ за разрешување, каде што се разрешува со двотретинско и бадентерово мнозинство.
Е после се ова, Советот на јавни обвинители носи Одлука за разрешување на Катица Јанева.
Второ, Законот за СЈО никаде не уредува, ниту споменува именување, односно избор на в.д. Специјален обвинител, а упатувањето на Законот за ЈО може да го направи само неписмен правник … или некој кој одработува за криминално-рекетарската Влада на Зоран Заев и СДСМ!
Нема да се дозволи еден рекетар како Катица да биде заменет со “ново дете”, исто послушник на Заев.
Или за крај, вака народски кажано: “Дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж! Прочитани сте! Пада Влада!“, вели Јанушев.