Мајката на Јанева не починала во Гевгелија, туку во Скопје

by Fokus

Веста дека завчера, во време кога беше приведена Катица Јанева, починала нејзината мајка Здравка Делиџакова, јавноста ја дочека со изненадување. Жената починала по долго и тешко боледување, а на социјалните мрежи се поставуваа прашања зошто Јанева не заминала во Гевгелија да биде покрај својата мајка, со оглед на тоа што беше приведена од својот дом во Козле.

Сепак, блиски луѓе на семејството на Катица, кои живеат во Гевгелија, за ,,Фокус” откриваат дека нејзината мајка не починала во Гевгелија, туку во Скопје. Имено, поради тешката здравствена состојба во која се наоѓала, таа веќе цела година била сместена во дом за стари и изнемоштени лица во Скопје, каде завчера починала.

Делиџакова вчера беше погребана на градските гробишта во Гевгелија. Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина на погребот на својата мајка. Таа замина со одобрение на судија по претходна постапка, откако и беше одреден 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости