Јанушев: Не верувам дека ќе има бојкот, но избори во јуни нема да има!

by Fokus

„Нема да има избори во јуни. Како ќе го направат тоа? Мислите дека Талат Џафери ќе потпише решение коешто е спротивно на закон за датум за избори. Кој ќе им го утврди датумот за избори? Како ќе го направат тоа? Невозможно е“, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали доколку се определи датум без консултација и со консензус со ВМРО-ДПМНЕ, се разгледува опцијата за бојкот на изборите, Јанушев вели:

„Сите можности нормално е дека се разгледуваат, но јас искрено верувам дека тоа нема да се случи, дека сепак ќе се најде начин со консензус да се договори датумот на кој ќе се одржат изборите“, додава Јанушев.

Поврзани новости