Јанушев: Единственото време кога на некој начин се инвестираше во здравството беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Носителот во Изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека единствено време кога на некој начин се инвестирало во здравството било во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единственото време кога на некој начин се инвестираше во здравството беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Дали инвестирањето било на правилен начин или не, ќе има многу различни мислења. Срамота е во 21 век да зборуваме за инфраструктура на болниците. Ако лекарите ги прашате дали би одбрале повсисоки плати или пристојни услови за работа, сите го бираат второто. Мораме и ќе се погрижме да создадеме услови каде лекарите ќе може слободно да ја обавуваат својата дејност. Секако дека континуирано ќе се работи и на зголемување на примањата на сите медициски работници. Ќе се погржиме и специјализантите да добијат минимални примања, вели Јанушев.

Поврзани новости