Бизнисот на деценијата кој што го направиле Заеви во Струмица за изградба во струмичката касарна, алудира на злоупотреби и матни зделки, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Сомнежот е дека Сашко Брндевски, бизнис пајташот на Заеви во „Сара Инжинеринг“ бил само параванот во целата постапка, односно лицето кое искеширало 700 илјади евра за плац кој го купува на јавна набавка организирана од градоначалникот Зоран, за потоа поголем дел од неа багателно да ја препродаде на фирмите на Вице и Трајче Заев, за еден еднособен стан – истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ДПМНЕ.
Според нив, да се работело за ВИСТИНСКИ пазарни математики тогаш сигурно ситуацијата би била поинаква.
„Зградата која се гради на местото кое Брндевски за џабе го отстапил е со вкупна нето изградена станбена површина од околу 7.000м2, која ја градат фирмите на кланот Заеви и доколку ја продавал по принципите кои важат во градежништвото тогаш Брндевски како сопственик на земјиштето би добил околу 25% од вкупната површина, односно околу 1.700м2 станбена површина. Неверојатно е како Брндевски туку–така се откажал од над 1.650м2, кои ако се продадат по пазарна цена од 650 евра за м2 би му донеле заработка околу 1.100.000 евра. Значи потенцирам – Брндевски се откажува од заработка од околу 1.100.000 евра и ја отстапува само за еден еднособен стан кој пазарно вреди околу 25 илјади евра, давајќи го бизнисот на Вице Заев кој претходно го добил од Зоран Заев. А, Заеви односно компанијата на Вице и Трајче Заев кој во тоа време е управител имаат потенцијален приход од 4.5 милиони евра – додава Јанушев.