Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека на денешната лидерска средба ќе се отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.
„Заев во едно пишано интервју вели дека води над 3 проценти, во ред, нека верува во лажни анкети наменети за храбрење на своите редови, јас ќе верувам во народот, и ако е така тогаш верувам нема да му пречи да распише избори. А, на изборите народот ќе си дојде по своето и ги чека пораз, и тоа голем и убедлив“, напиша Јанушев на фејсбук.
Според него, власта не ја интересира СЈО, туку, како што вели, ја интересираат механизмите за политички притисок.
„И да не ја замајуваат јавноста, не се они потресени за добивање на правда зошто на секој чекор сеат неправда, туку се потресени поради тоа што се ближи смената на власт по која ќе мораат да се соочат со законот и со своите постапки“, порача тој.