Јанкуловска доби одложување на затворската казна

by fokus

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, иако е осудена на правосилна затворска казна од 4 години, сепак нема одреден период да оди во затвор, бидејќи доби одложување на издржувањето на казната до 1 јули 2019 година.

Јанкулоска побара одложување на издржувањето на казната бидејќи има бебе за кое е неопходно да се грижи.

-Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека пресудата на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ 46/18 од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите означен како „Тенк“ со која жалбата на Г.Ј., на која и се судеше во раздвоена постапка, делумно се уважува на начин што се преиначува првостепената пресуда во делот на казната, заедно со списите од предметот е доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Се преиначува само во делот на казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете, се вели во соопштението на судот.

Јанкуловска е осудена на затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости