Елизабета, сопругата на Пендаровски слави роденден: Една жена, еден живот, една љубов!

by fokus

Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денес полни 47 години. Четитки по повод роденденот на новата прва дама во земјава на социјалните мрежи упатија голем број на нивни семејни пријатели и политичари.

Во екот на предизборната кампања и Пендаровски го прослави роденденот. На трети април годинава тој наполни 56 години, а со јавноста сподели фотографија од роденденската торта покрај која позира заедно со сопругата и синот.

-Роденденот го одбележувам со најблиските. Заедно поминуваме низ најтешките мигови и се радуваме на највеселите. Тие се мојата најголема поддршка и инспирација. Заедно напред – објави тој минатиот месец.

Елизабета, која е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје и Стево се во брак 20 години.

Во претходно интервју тој раскажа дека на сопругата најчесто и подарува цвеќе, или како што рече, како лош балканец и дава пари таа да си купи што сака, бидејќи не бил вешт во избирањето на подароци.

Околу нивната љубовна приказна, во видео интервју за Репортер, тој изјави дека има слоган до кој се држи.

-Кај мене девизата е дека кога си решил да бидеш во фамилија, со некого, претходно можеш да правиш што сакаш, ама кога си решил да го поминеш остатокот од животот крај некого, кај мене важи девизата – Една жена, еден живот, една љубов – изјави претседателот, откривајќи дека со сопругата се запознале преку заеднички пријатели, со кои и денес се дружат.

Вики Клинчарова

Поврзани новости