382
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, по објавувањето на прислушувани разговори од страна на СДСМ за обидот на власта да ја затскрие целата вистина околу убиството на Мартин Нешковски, изјави дека Зоран Заев со креирани и монтирани материјали сака политички да профитира, злоупотребувајќи трагичен настан.
– Заев го достигна врвот на монструозноста, повторно поигрувајќи се со емоции на најгруб начин и злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек. Сето тоа Заев го прави за да оствари политичка профит и е спремен на се! – рече Јанкулоска на прес-конференција во владата, додека надвор револтирани граѓани протестираа.