514
На рочиштето за “Титаник” се објави и бомба во која непосредно пред локалните избори во 2013 години се зборува за некаква забуна која настанала при делба на пари. Тогашната министерка Гордана Јанкулоска во разговор со извесен Драги вели:
“Кире му даде 1.200 евра на Снајпер, ама он не сфатил дека се за Драги. Ти си за Српска напредна, а Ристо е за “шиптарите”, вели Јанкулоска.
Потоа објаснува дека на Србите им ветиле 75.000, и Драги чекал да ги однесе. Па му вели на соговорникот : “Ти на Снајпер си му ги дал за “шиптарите”, зошто 75.000 се за Србите”, вели Јанкулоска.