Јанкулоска за апсењето на Бошкоски: Поклонив верба на соработниците, можеби тоа ми било грешка

by fokus

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека во нејзиното работење сигурно имало грешки, но тие никогаш не биле намерни.

-Грешките кои несомнено ги имало, никогаш не биле намерни. Кога се работи, се прават грешки, некогаш повеќе, некогаш помалку. Јас за прислушувањето понесов политичка одговорност, Собранието ме разреши. За тоа кој прислушувал, немаме утврдено од органите. До овој момент јас немам доказ кој прислушувал и чекам Судот да каже. Ни на крај памет не ми беше дека би можело јас да бидам таргет и толку време да бидам прислушувана, бидејќи мојот начин на размислување не е таков. Како министер како во случаи со Бошкоски биле активирани мерките, да се направи проверка на почитување на прописите. Во моментот кога ќе дојде до реферирање за постапката, таа е во завршна фаза и министерот поклонува верба на соработниците кои ја спроведувале. Можеби не сум требала да поклонам верба така лесно и да се направат дополнителни проверки. Не негирам дека во минатото имало пропусти во владеењето, рече Јанкулоска.

Поврзани новости