Јанкулоска трчаше по „пајакот“ да не и го крене автомобилот

by fokus

Гордана Јанкулоска денеска, со трчање, успеа да ги спречи работниците на „Паркинзи Општина Центар“ ( „ПОЦ“) да не и го кренат возилото кое што го паркирала на недозволено место, на само пет метри од барокната катна гаража, лоцирана во непосредна близина на кривичниот суд, објави порталот Правосудство.

Јанкулоска успеа да избегне да плати казна за непрописното паркирање, но затоа не успеа да го избегне бламот со трчањето по „пајакот“, а во што ја придружуваше нејзиниот партиски колега Миле Јанакиески.

Поврзани новости