„Македонија се угуши. Дојде живот“. Овој фејсбук статус во петокот го објави екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кој постираше и табела на која се гледаа алармнтно загадениот воздух во Битола и делови на Скопје.
Ова е прв пат министерката јавно да реагира за загадениот воздух, бидејќи на оваа тема не се произнесуваше додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а таа актуелен министер, бидејќи проблемот со загадувањето трае со години.
Ова и го забележуваат и дел од граѓаните кои и коментирале под статусот.
„Те боли тебе уво за Битола. Што не напишеше вака и пред една-две години, исто беше вака“, се наведува во еден од коментарите.
Друг граѓанин пак и вели да го батали воздухот и да каже нешто за случајот „Диво насеље“, во кој беа убиени осум припадници на безбедносните служби.
„Батали воздухот, кажи нешто за терористите од Косово што се дрзнаа да пукаат во центар на Куманово, убивајќи полицајци…“, се наведува во еден од коментарите.