966
Одлуката на Врховниот суд со која се потврдува пресудата за случајот „Тенк“, се уште не е испратена во Кривичниот суд. Откако предметот ќе стигне во судот, веднаш ќе треба да се изготви и упатниот акт, со кој поранешната министерка Гордана Јанкуловска ќе треба да се упати во затвор, на издржување на 4-годишна казна.
Вршителот на должност претседател на Врховен суд, Фаик Арслани, за МИА вели дека сеуште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.
-Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по едно опширно да се образложат, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани.