Саше Димовски: Моите интимни муабети беа ставени како на зелено пазарче, барам отштета од 200 илјади евра!

by fokus

Новинарот Саше Димовски бара отштета од 200 илјади евра заради тоа што со години бил прислушуван.

Дополнителен стрес, поради што добил дијабет, доживеал инфаркт и бил подложен на операции, било тоа што се сомнева дека неговите интимни и професионални разговори ги слушнале многу други луѓе.

Ова го темели на тоа што во неговата папка со разговорите што ги добил од СДСМ имало транскрипти и од други лица со име Саше. Поради тоа се сомнева дека освен што го слушале во УБК, неговите разговори завршиле и кај други лица, односно ги слушале „како на зелено пазарче“. Тој вели дека во папката немало само транскрипти, тука во раскажувачка форма била претставена ситуација што се случувало во “Фокус”, медиум каде работел тогаш.

Телефонскиот број го користел околу 20 години, а се сомнева дека бил прислушуван од 2010 година кога објавил текст на насловна страница на неделникот „Фокус“ „УБК го прислушува и баџанакот на Мијалков“. Тогаш добил транскрипти дека УБК излегла од надлежноста, па го напишал тоа во текстот.

Вториот текст кој го објавил бил „УБК прислушува судии за потребите на Неделкова“.. Иако официјално имал податоци дека бил прислушуван години по 2010 година, сепак вели дека се сомнева дека неговиот телефон бил прислушуван од претходно.

Разговорите со сопственикот на Фокус, Никола Младенов му завршувале со “Остваруваме 24/7“ за да им дадат до знаење дека се свесни дека некој ги прислушува.

Одбраната реагираше по неговото сведочење, односно бараа сведоците да зборуваат врз основа на докази, а не на сомнежи.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости