Јанкулоска најверојатно нема да присуствува на објавата на пресудата за “Тенк”

by fokus

Екс министерката Гордана Јанкулоска најверојатно нема да присуствува на објавувањето на пресудата за случајот “Тенк”, кое е закажано за 12 часот.

Таа на денешното рочиште за случајот Таргет и Тврдина беше прашана од судијката во колку часот ќе биде објавена пресудата за да и даде пауза, на што Јанкулоска истакна дека не инсистира на пауза, бидејќи нејзиното присуство на објавата не е задолжително.

Претходно за случајот Тенк, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра, правосилно беа осудени екс премиерот Никола Груевски на две години затвор и помошник министерот Ѓоко Поповски на четири и пол години.

На Јанкулоска за овој случај и се заканува затворска казна од најмалку пет години.

В.В.

Поврзани новости