Јанкулоска ја префрли вината на Грујевски: Секогаш ќе има луѓе кои не избираат начин за да ја остварат целта

by fokus

Екс министерката Гордана Јанкулоска во својот завршен збор за случајот „Таргет и Тврдина“, освен што потенцираше дека и таа била жртва на масовното незаконско прислушување, истакна и дека не е виновна за уништувањето на опремата за прислушување. Таа вината ја префрли на тогашниот началник Горан Грујевски.

Таа тврди дека и тогаш не било јасно за што се формира комисија во УБК, а нејзиното потпишување било рутинско, како и за други такви многубројни решенија што ги потпишувала како министерка.

Во овој дел таа топката ја префрли на Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во УБК кој е обвинет и кому му се суди во отсуство. Јанкулоска потенцираше дека немала никаква комуникација со Грујевски.

-Се потврдува дека Горан Грујевски немал никаква комуникација со мене, може да се заклучи дека се работи за лажно повикување на туѓ авторитет преку кое Горан Грујевски сакал час поскоро да си ја заврши целта што си ја имал. Која би била логиката министерот да дава насоки до правниот сектор кој хиерархиски е веднаш под министерот, а тие насоки да ги дава преку некој вработен во УБК. Секогаш имало и ќе има луѓе што не избираат начин како да си ја остварат својата цел, како што произлегува и од доказите дека направил Горан Грујевски, истакна Јанкулоска.

Поврзани новости