Специјалното јавно обвинителство на дешената пресконференција соопшти дека отворило нова истрага под име „Тврдина“, која е поврзана со нелеганото прислушување на УБК, односно уништување на системи за прислушување во 2015 година со цел прикривање кој ја користел опремата за прислушувањето.
Осомничени се двајца вработени во УБК, од кои едниот е началникот на Петтата управа, Горан Груевски, како и тогашната министерка за внатрешни работи, Горадана Јанкулоска, кои потпомогнати од трето лице уништиле два системи за прислушување. Ова се случило во 2015 година веднаш после спогодбената пресуда за Ѕвонко Костовски во случајот „Пуч“.
Осомничено е и четврто лице за злоупотреба на службената положба, а петтоосомничената фалсификувала документи на кои им ставала датуми од 2014 година, иако тие биле од 2015 и 2016 година. Таа од претходно има шест кривични дела поврзани со фалсификување документи.
Специјалното обвинителство побарало мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Груевски, а за поранешната минисерка Јанулоска е порабарана мерка за забрана за напуштање на домот и одземање на патната исправа, бидејќи таа веќе не е на функција. За остнанатите осомничени исто така е побарана забрана за напуштање на домот.