Горан Груевски во 13 часот ќе даде исказ во Судот

by Фокус

Началникот на Петтата управа, Горан Груевски, денеска во 13 часот ќе дојде во Кривичниот суд за да даде исказ за уништувањето на оперемата за прислушување. Ова го соопшти специјалната обвинителка Катица Јанева, која преку телефон била известена. Сега СЈО очекува да биде повикано во Судот.

Полицијата вчера трагаше по Горан Груевски, кој на барање на Специјалното обвинителство треба да даде исказ, но началникот на Петтата управа не беше достапен за ораганите на прогонот.

Специјалното обвинителство денеска соопшти дека отворило нова истрага под име „Тврдина“, во која осомничен е Горан Груевски, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Тие се осомичени дека уништиле системи за прислушување на УБК, со цел да се прикрие кој ги користел.

Поврзани новости