419
Осомничената во случајот за изборни измами „Титаник“, Гордана Јанкулоска, пристигнала во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде се уште се договара за тоа дали да се прифати одложување на изборите. Заедно со неа пристигнал и пратеникот Антонио Милошоски.
Пред тие да пристигнат, партиското седиште го напушти америкаснкиот амбасадор Џес Бејли. Претходно, заврши средбата на претставници на ВМРО-ДПМНЕ со европратеничката тројка Вајгл, Ховит и Кукан на која не присуствуваше партискиот лидер Никола Груевски.