Во секој момент јавно обраќање на Груевски

by Фокус

Во секој момент се очекува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да се обрати од седиштето на партијата. Според очекувањата, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ ќе гласа за повлекување на одлуката за распуштање на Парламентот.

Неофицијално, со договорената нова одлука, самораспуштањето на Собранието ќе се случи на 7 април, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни. За оваа одлука нема да гласаат пратениците на СДСМ, бидејќи тие бараат датумот на избори да се одреди кога прочистувањето на Избирачкиот список ќе биде при крај.

Поврзани новости